Home Опера Опера Солисти Мецо Сопран

Мецо Сопран

Марика Поповиќ - епизодист I група

Марика Поповиќ -мецосопран, родена 1975 год. во Скопје. Средно музичко образование завршила во МБУЦ ,,Илија Николовски-Луј" во Скопје, а високо образование на ФМУ во Скопје отсек соло пеење во класата на проф.Милка Ефтимова. Од 1999 год. е хонорарен соработник во хорот при МНТ. Како солист настапувала на повеќе културни манифестации - Скопско лето, Штипско лето, Хераклејски вечери, Интерфест Битола и др. Од 2005 е солист  во Македонската Опера и Балет и ги толкувала следните улоги: Анина во ,,Травијата", Вања во ,,Иван Сусањин", Фидалма во ,,Таен брак", Сузуки во ,,Мадам Батерфлај" и др.
Повеќе...

Лидија Нацоска - епизодист I група

Лидија Нацоска, мецосопран. Репертоар: Алиса-,,Лучија од Ламермур", Берта-,,Севилскиот берберин", Бисера-,,Бразда", Свештеничка-,,Аида", Дадилка-,,Кнез Игор", Дома -,,Еро од оној свет", Инес-,,Трубадур", Ката-,,Илинден", Кејт-,,Мадам Батерфлај", Клотилда-,,Норма", Магдалена-,,Риголето", Лола и Мама Лучија-,,Кавалерија рустикана", Марија-,,Цар Самуил", Мерседес-,,Кармен", Половецка девојка-,,Кнез Игор", Рајна-,,Разделба", Силвијана-,,Веселата вдовица", Флора Бервоа-,,Травијата", Ципра-,,Циганскиот барон" и Џована-,,Риголето".
Повеќе...

Ирена Кавкалевска

Ирена Кавкалевска - мецосопран. Основно и средно музичко училиште "Илија Николовски - Луј" во класата на професор Билјана Јакимовска завршила во Скопје. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Благоја Николовски, како еден од шесте најдобри студенти од својата генерација на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Се усовршува кај професор Ирена Брмбарова на Вокалниот конзерваториум ,,Панчо Владигеров,, во Софија, потоа на Високата музичка школа во Грац (Австрија), како и на Музичката академија во Загреб каде магистрирала во класата на професор Дуња Вејзовиќ. Уште како студент настапувала на голем број концерти и фестивали како ,,Скопско лето,,, ,,Мајски оперски вечери,,, ,,Млади оперски надежи", „Денови на македонската музика", „Младински фестивал" во Бајројт (Германија), „Загребачко лето", како и концертни и оперски настапи во Хрватска, Словенија, Шпанија, Италија, Србија, Бугарија и Македонија. Добитник е на неколку награди. Посетувала голем број семинари кај професорите Тери Елен Роудс, Џорџ Суријан, Конрад Рихтер, Синтија Хансел Бакиќ итн. Во 1996. дебитирала на сцената на МНТ со улогата на Мадалена во „Риголето", а во нејзиниот репертоар се вбројуваат и улогите на: Кармен („Кармен"), Амнерис(„Аида"), Фенена („Набуко"), Прециосила („Моќта на судбината"), Анџелика („Сестра Анџелика"), Јулиј Цезар („Јулиј Цезар во Египет"), Лаура („Камениот гостин"), Розина („Севилскиот берберин"), Орловски („Лилјакот"), Вања („Иван Сусањин"), Марија („Цар Самоил") итн. Од 2003. солист на Операта на Македонскиот народен театар во Скопје.
Повеќе...

Online Билети

baneronlinemk

 

 


Доколку сакате да посетите некоја наша оперска или балетска претстава, да добиете дополнителни информации или распоред на претстави, Ве молиме контактирајте ги билетарите на МОБ.


Работно време: Од понеделник до сабота од 10.00 – 20.30 часот и недела  и празници од 10.00 – 20.30 часот, доколку е закажан настан/претстава на истиот ден.
  • тел.: 02 3118 451 (Билетара на МОБ)
  • e-mail: biletara@mob.com.mk

previous month Септември 2010 next month
П В С Ч П С Н
week 35 1 2 3 4 5
week 36 6 7 8 9 10 11 12
week 37 13 14 15 16 17 18 19
week 38 20 21 22 23 24 25 26
week 39 27 28 29 30