Home Опера Опера Солисти Тенор

Тенор

Зоран Сотиров

Зоран Сотиров – тенор. Роден е во Скопје, 1970 година, каде ги завршил Средното музичко училиште и Музичката академија во класата на професор Благоја Николовски. Подоцна се запишал на студии во Белград во класата на професор Бисерка Цвејиќ. Во Скопје работи со професорот Стојан Стојанов – Ганчев во Оперското студио при Операта на МОБ. Дебитирал со улогата на Родолфо во „Боеми“ на МОВ 1999 година.
Во неговиот репертоар се:
Едгардо во „Лучија од Ламермур“,
Алфред во „Травијата“, Марио Каварадоси во „Тоска“,
Туриду во „Кавалерија Рустикана“,  
Дон Хозе во „Кармен“,
Исмаел во „Набуко“,
Пинкертон во „Мадам Батерфлај“,
Дука во „Риголето“ и многу други Гала оперски концерти.
Повеќе...

Лазар Белевски

Лазар Белевски, баритон.

Репертоар:
Абдало-,,Набуко"
Австриски конзул-,,Илинден"
Алија-,,Кузман Капидан"
Арлекин-,,Палјачи"
Борса-,,Риголето"
Владислав-,,Цар Самуил"
Гастон Леториер-,,Травијата"
Гласник-,,Аида"
Ерошка-,,Кнез Игор"
Ефрем Чучков -,,Илинден"
Нормано-,,Лучија од Ламермур"
Отокар-,,Циганскиот барон"
Парпињол-,,Боеми"
Ремендадо-,,Кармен"
Руис-,,Трубадур"
Сполета-,,Тоска"
Флавио-,,Норма"
Трике-,,Евгениј Онегин"
Повеќе...

Ѓорги Цуцковски

Ѓорѓи Цуцковски, тенор. Роден 1982 година во Скопје .Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек соло пеење со Cum Laude во класата на проф.Билјана Јакимовска-Јовановска .Во септември 2006 одржа два концерти во Хамбург и Берлин, Германија по повод Денови на Македонската култура во Германија. Во Декември 2006 гостува во Козенца-Италија во улогата на Моностатос во операта Волшебната Флејта од В.А.Моцарт. Има настапувано во Швајцарија, Австрија, Албанија, Србија, Германија, Италија... Од 2006 година е стипендист на Ц.Е.Е.- Виена Австрија и се усовршува кај Kammersengerin Оливера Миљакович во Виена.


Репертоар:
Тимотеј во операта ,,Лидија од Македонија,, Ристо Аврамовски  
Дан Каиро во операта ,,Кармен,,-Жорж Бизе
Принц Јамадори во операта ,,Мадам Батерфлај,, -Џакомо Пучини
Зон во операта ,,Посета од старата дама,, -Готфрид фон Ајнем
Гастон Леториер во операта ,,Травијата,, -Џузепе Верди
Ајзенштајн во оперетата ,,Лилјакот,, -Јохан Штраус-помладиот
Тамино во операта „Волшебната Флејта" од В.А.Моцарт
Питер Квинт во операта „Свртувањето на шрафот" од Б. Бритн
Базилио во операта „Свадбата на Фигаро" од В.А.Моцарт

Како и бројни солистички концерти во Операта при Македонската Опера и Балет на сцената на МОБ . Има настапувано и со Македонската филхармонија како солист, како и на реномираните фестивали „Охридско лето", „Денови на Македонска музика", „Битолско културно лето", „Прилепско културно лето".
Повеќе...

Дејан Стоев - епизодист I група

Дејан Стоев, тенор. Своето музичко образование го стекнува во Скопје, каде и дипломира на Музичката Академија на отсекот соло пеење, во класата на проф. Билјана Ј. Јакимовска. Во текот на студиите учествува на семинари, настапува на концерти, ја толкува улогата на Номче во операта ,,Деспина и Мистер Докс" од Д. Бужаровски, со која се претставува во камерната опера во Виена, Австрија; а со улогата на Катул од вокалната кантата ,,Катул и Кармина" од К. Орф, го претставува ФМУ на фестивалот Нишки Музички Свечености во Ниш, СЦГ. По дипломирањето работи со светски познатиот тенор од Р. Бугарија Н. Николов од кој добива одлични критики. Во 2005 год. е примен, по положената аудиција на мастер класот кај оперската дива Оливера Милјаковиќ, која живее и работи во Виена, Австрија.
Моментално работи во МОБ каде што дебитира како солист со улогата на Арлекин во операта ,,Палјачи".  


Репертоар:
Номче - ,,Деспина и Мистер Докс"
Катул - ,,Катул и Кармина"
Арлекин - ,, Палјачи"
Ремендадо - ,,Кармен"
Свештеник - ,,Волшебната флејта"
Коби - ,,Посета на старата дама"
Горо - ,,Мадам Батерфлај"
Артуро - ,,Лучија од Ламермур"
Паулино - ,,Таен брак"
Алфред - ,,Лилјакот"
Гроф Алмавива - ,,Севилски берберин"
Бепе - ,,Рита"
Повеќе...

Цветан Стојановски - првенец

Цветан Стојановски - првенец на операта. Роден 1965 година во Битола каде го завршува средното музичко училиште во класата на професорот Пеце Митревски. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Милка Ефтимова. Специјализира во Загреб кај професорот Стојан Стојанов-Ганчев. Неговиот прв ангажман на сцената на МНТ датира од 1989 година, потоа следуваат настапи во Загреб, Осиек, Риека, Сплит, Унгарија.

Репертоар:
Каварадоси (Тоска)
Родолфо(Боеми)
Алфред Жермон (Травијата)
Неморино (Љубовен напиток)
Бан Вукмир (Бан Легет - од Иван Зајц)
Лоренцо (Истарска свадба) и др.
Повеќе...

Марјан Николовски - епизодист I група

Марјан Николовски - солист епизодист I група
Повеќе...

Саша Смилевски - епизодист I група

Саша Смилевски - солист епизодист I група
Повеќе...

Online Билети

baneronlinemk

 

 


Доколку сакате да посетите некоја наша оперска или балетска претстава, да добиете дополнителни информации или распоред на претстави, Ве молиме контактирајте ги билетарите на МОБ.


Работно време: Од понеделник до сабота од 10.00 – 20.30 часот и недела  и празници од 10.00 – 20.30 часот, доколку е закажан настан/претстава на истиот ден.
  • тел.: 02 3118 451 (Билетара на МОБ)
  • e-mail: biletara@mob.com.mk

previous month Септември 2010 next month
П В С Ч П С Н
week 35 1 2 3 4 5
week 36 6 7 8 9 10 11 12
week 37 13 14 15 16 17 18 19
week 38 20 21 22 23 24 25 26
week 39 27 28 29 30