Home Опера Опера Солисти Баритон

Баритон

Ристе Велков-Ѓунулија

Роден 1975г. во Скопје,Македонија.
Средно музичко училиште завршил во “Илија Николовски – Луј“,Скопје 1994г.,во класата на проф.М.Николовска,смер-соло пеење.

Дипломирал 1999 година на факултетот за музичка уметност во Скопје,во класата на проф.Милка Ефтимова.
Во периодот од 1995-2000,основите за оперското пеење ги стекнува и изучува,кај Гога Трајанов-тенор,Скопје-Македонија,се надоградува кај Стојан Стојанов-Ганчев-тенор,Загреб-Хрватска,и кај светски познатиот,Николај Херлеа-баритон,Букурешт-Романија.
Од 2001г. до денес специјализира и се усовршува во приватното оперско студио кај легендарниот мајстор,Стојан Попов-баритон во Софија - Бугарија.

Дебитирал на фестивалот “Мајски оперски вечери“ на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, 1998 година,со улогата на (Marullo) во операта „Rigoletto“.
На интернационална сцена дебитирал во улогата (G. Germont), „La Traviata“ во Бургас, 2002 година.
Исто така настапува и на истакнатите фестивали: „Охридско лето“,„Скопско лето“, „Штипско лето,“Есенски музички свечености“ и Гала концерти низ Македонија,проект „Топол културен бран“.Настапува и во драмски претстави со улога во музички дел,во:“Амадеус“ и “Смилевски конгрес“.

Во 1993г., освојува Прва награда на Државниот натпревар за млади пеачи во Македонија.
Во 1999г. учествува на Masterclasses во Битола, кај prof. Antonio Boyer i Mirella Paruto – Italija,со завршен концерт на “Интерфест“ – Битола.

Гостувал во Бугарија и Романија.
Од 1998 год.работи хонорарно како оперски солист во Операта при МНТ.
Од 2007год.е вработен како оперски солист во Операта при МОБ.

Репертоар:„Rigoletto“ (Marullo),( Rigoletto) „Don Carlo“ (grof Lerma), „Il Barbiere di Siviglia“ (Fiorello),La Boheme(Shaunard), „Pagliacci“ (Silvio), „Илинден“ (Вангел),Цар Самуил(Уран,Огнен), „Ivan Susanjin“ (kral Sigizmund), „Don Giovanni“ (Masetto), „Turandot“ (Ping), „Carmen“ (Dancairo), „Lucia di Lammermoor“ (Enrico), „Il Trovatore“ (grof Luna), „La Traviata“ (G.Germont), „Nabuco“ (Nabuco).

Соработува со режисерите: Нина Најденова-Бугарија,Дејан Прошев-Македонија,Трајко Јордановски-Македонија,Стојан Стојанов-Ганчев-Хрватска,Oгнен Драганов – Бугарија, Пламен Kарталов – Бугарија, Kузман Попов – Бугарија, Димитриј Oсманли – Македонија, Oтар Михајловиќ – Дадишкилијани – Русија,Александар Текелијев-Бугарија.
Настапува под диригентската палка на диригентите:Јануш Пшибилски-Полска,Јосип Шего-Хрватска,Карло Палески-Италија,Бисера Чадловска-Македонија,Зоран Јураниќ -Хрватска,Оливер Балабурски - Македонија,Томислав Шопов– Македонија,Серафим Муратовски - Македонија, Александар Лековски - Македонија, Саша Николовски – Ѓумар - Македонија, Рамадан Шукри - Македонија,Кристина Пренковска-Македонија, Зорица Митев – Србија и Црна Гора, Михаил Ангелов - Бугарија и Вања Николовски-Ѓумар - Македонија.

Соработува со следните пеачи: Иван Томашев - Србија, Весна Гиновска-Илкова - Македонија,Елена Чавдарова - Бугарија, Маријан Николовски - Македонија, Зоран Сотиров – Македонија,Славица Петровска-Галиќ – Македонија,Цветан Стојановски - Македонија,Ана и Игор Дурловски - Македонија, Tamas Daroczy - Унгарија, Ildiko Ivan - Унгарија, Istvan Racz - Унгарија,Благица ПопТомова - Македонија, Бранислав Јатиќ – Србија, Мика Јовановиќ – Србија, Genadij Vasko - Украина, Драгана Дел Монако - Србија, Сотир Спасевски - Хрватска, Ирена Кавкалевска – Македонија и Иван Јонков – Бугарија Ина Канчева-Бугарија,Даниел Ли-Кореја.
Повеќе...

Кирју Лијаковски

Кирју Лијаковски, баритон.

Репертоар: Анџелоти-,,Тоска"
Клисар-,,Тоска
Борис Сарафов-,,Илинден"
Белкоре-,,Љубовен напиток"
Барон Мирко Зета - „Веселата вдовица"
Вангел-„Илинден"
Витез и Големиот достојник-„Мачорот во чизми"
Барон Дуфол-„Травијата"
Ескамилијо-„Кармен"
Зарецки-„Евгениј Онегин"
Индијанец-„Продадена невеста"
Јашер -бег- „Кузман Капидан"
Јамадори-„Мадам Батерфлај"
Капетан-„Евгениј Онегин"
Карнеро-„Циганскиот барон"
Клисар-„Тоска"
Моралес-„Кармен"
Монтероне и Маруло - „Риголето"
Огнен-„Цар Самуил"
Ристе-„Бразда"
Самоел-„Бал под маски"
Сима-„Еро од оној свет"
Фидан-„Разделба"
Фиорело-„Севилскиот берберин"
Фигаро-„Свадбата на Фигаро"
Црна шубара-„Шеќерната приказна"
Цунига-„Кармен"
Џеладин-бег-„Кузман Капидан"
Шонар-„Боеми"
Штурец-„Приказна за штурецот и мравката"
Фалке-„Лилјакот"
Повеќе...

Горан Начевски

Горан Начевски, баритон и композитор. Роден е во Скопје во 1978 година. Средно образование завршил во МБУЦ - Скопје, композиција кај проф. Т. Манчев и соло пеење кај проф. Ѕвезда Мирчевска-Дамовска. Во 2001 год. магистрирал соло пеење на Факултетот за Музичка уметност во Прага кај проф. Рене Тучек. Во јануари 2006 год. докторирал Музикологија со специјализација по Теорија на композиција на истиот факултет кај проф. д-р. Милан Славицки. Од неговиот творечки опус се изведени дела во Скопје, Прага и Виена: Балада за времето и Есенска молитва за баритон и пијано, Гудачко трио, Фантазија за оргуљи, Елегија за гудачи, Како молитва за баритон и оркестар (Рудолфинум-Прага со Чешки Симфониски оркестар и сопствена вокална изведба), симфониското дело Решение  (2003) и др. Како баритон учествува на концерти и оперски претстави во рамките на Оперското студио при ФМУ во Прага (арии и ансамбли од оперите Бал под маски (Ренато), Риголето и Дон Карлос (Поза). Во март 2006 год. дебитираше на сцената на Македонската Опера како Шарплес во операта Мадам Батерфлај, а во јуни со истата улога забележа успех при гостувањето на МОБ во Тирана. На отворањето на Мајските оперски вечери 2006 за прв пат се претстави како Амонасро во Аида, а во јуни настапи и на отворањето на Скопско лето 2006, како солист во Кармина Бурана на сцената при МОБ. По настапот со хорот Рустико на Охридско лето 2006, дебитираше како Жорж Жермон во Травијата, а во моментот ги подготвува ликовите на грофот Луна во Трубадур, Алфио во Кавалерија Рустикана и Тадео во Италијанка во Алжир.
Повеќе...

Online Билети

baneronlinemk

 

 


Доколку сакате да посетите некоја наша оперска или балетска претстава, да добиете дополнителни информации или распоред на претстави, Ве молиме контактирајте ги билетарите на МОБ.


Работно време: Од понеделник до сабота од 10.00 – 20.30 часот и недела  и празници од 10.00 – 20.30 часот, доколку е закажан настан/претстава на истиот ден.
  • тел.: 02 3118 451 (Билетара на МОБ)
  • e-mail: biletara@mob.com.mk

previous month Септември 2010 next month
П В С Ч П С Н
week 35 1 2 3 4 5
week 36 6 7 8 9 10 11 12
week 37 13 14 15 16 17 18 19
week 38 20 21 22 23 24 25 26
week 39 27 28 29 30