Билјана Каленикова (р.1970), балерина, во МНТ (сега МОБ) од 1988 година. Улоги: Валс, Три лебеди, Шпанска игра, Невести ("Лебедово езеро"), Девојки Море, ("Дубровничка легенда"), Цвеќиња, Верверички, Пеперутки, Дами, ("Снежана и седумте џуџиња"), Пријателки на Марија ("Бахчисарајска фонтана") Адаџо 2 чин од "Лебедово езеро" и "Болеро", ("Вечер на класични и современи кореографии"), Исус Христос, Гран па, ("Распучин или Агонија"), Сон-тројка, Класична игра 2 чин, Цвеќарка ("Дон Кихот"), Жена ("За непознатиот"), Гастербајтерка ("Мансарда"), Трета девојка ("Македонска повест"), 4 клас ("Танц на кадетите"), Маски, Црвена жена ("Болеро"), Нимфи ("Валпургиска ноќ"), Кармен-во-другиот-живот ("Вител или Како смртта ја победи Кармен"), Слепа девојка ("Кармина бурана"), Дороти ("Волшебникот од Оз") Пријателки, Меланхолија ("Елан- игри на љубовта"), соло во "Бајадерка" во "Четири годишни времиња", "Пастели", "Пинк Флојд Ревистед", "Големиот Бах", "Инферно". На оперската сцена: "Травијата", "Бразда", "Шеќерна приказна", во оперети: "Веселата вдовица", на драмската сцена: Ира ("Диес ираес"), "Соната на сеништата".
Повеќе...