Мирјана Поп-Алексова, солист. Родена на 02.07.1986 година во Скопје. Пред да започне да се занимава со балетската уметност, тренира спортска гимнастика и 5 години е шампион во својата категорија. По иницијатива на нашите реномирани балетски уметници и првенци, Зоица Пуровска- Велевска и Зоран Велевски, на 14 годишна возраст преминува во водите на балетот. Директно се запишува во 4-та година нижо балетско образование во МБУЦ- Илија Николовски- Луј во класата на педагогот Елисавета Кушевска, којашто ја фасцинираше со нејзината градба и инзвонреден талент. Уште во првата година на нејзиното балетско образование ја добива главната улога на годишниот концерт на училиштето во балетот Симфонија на цвеќето и веднаш после тоа гостува во Солун, Република Грција. Како што поминуваа годините Мими ја зајакнува својата техника и полека прераснува во вистинска балерина. Во средното образование таа исто така ги играше сите главни улоги на годишните концерти заедно со Игор Веланоски и ја освојуваше публиката,која несебично секоја година ја наградуваше со најголеми аплаузи и овации. На 15 годишна возраст за прв пат учествува на интернационалниот балетски натпревар во Варна- Р. Бугарија, каде добива покани за Германија и Кина. Меѓувремено учествува во сите балетски претстави што се на репертоарот на Македонската Опера и Балет, каде што и се доверени и многу солистички улоги. Во 2004 година учествува н интернационалниот балетски натпревар во Москва, Р. Русија, каде што забележува многу добар успех. Има гостувано на многу концерти надвор од нашата земја: Грција, Турција, Бугарија, Србија, Русија, Италија- каде добива покана за работа во театарот во Монте Карло. Веднаш по завршувањето на средното образование вработена е како солист на Македонската Опера и Балет, каде што соработува со врвни странски педагози, кои забележувајќи го нејзиниот талент и балетска подготвеност и доделуваат сериозни задачи, меѓу кои е и главната улога Силфида во истоимениот балет. Со одлични критики таа продолжува да ги реди своите солистички успеси во театарот. Доделена и е главната улога во претставата Танго, каде што ја изненади публиката со својата зрелост, актерска способност и грациозност. Потоа ја игра главната улога во модерниот балет за Исидора Данкан, каде што ја инзвонредно ја презентира својата модерна техника. Во 2006 година за прв пат ја одигрува главната улога на принцезата Клара во балетот Оревокршачка заедно со Бобан Ковачевски како принц, каде што работејќи со реномирниот педагог и првенка на Балетот, Тања Вуисиќ- Тодоровска, се доближуваат до светските критериуми за балет. Има играно многу солистички улоги во сите претстави од репертоарот на МОБ како што се: Оревокршачка, Жизел, Лебедово Езеро, Есмералда, Дон Кихот, Танго, Силфида, Ана Каренина, Снежана и 7-те џуџиња и др.
Повеќе...